Линкови за пристапност

Страв или оптимизам за идната средба Трамп - Ким Јонг Ун?


지난 3일 한국 인천공항에 도착한 스티븐 비건 대북정책 특별대표가 취재진에 둘려싸여 질문을 받고 있다.
지난 3일 한국 인천공항에 도착한 스티븐 비건 대북정책 특별대표가 취재진에 둘려싸여 질문을 받고 있다.

Американскиот специјален преставник за Северна Кореја нагласи дека останува уште многу работа

Втората средба меѓу претседателот Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, што треба да се случи за околу две недели, многумина ја гледаат како причина за оптимизам, но, и како момент на вистината, бидејќи постои страв дека ова може да биде последна шанса.

Поранешниот специјален претставник на САД во Северна Кореја Џозеф Јун рече дека меѓународната заедница има право да очекува резултати од средбата во Ханој, каде се организира конференција за предизвиците на Кина, САД и Јужна Кореја.

„Првата средба во Сингапур беше успешна за пробивање на мраз, втората мора да покаже резултати. Има две прашања – денуклеаризација и градење на мировен процес“, рече тој.

Додаде дека постои страв во САД оти влегување во мировен процес може да доведе до прифаќање на нуклеарно оружје во Северна Кореја.

„Многумина во Вашингтон се загрижени за концептот на денуклеаризација преку мир, бидејќи за многу Американци тоа е обратен процес. Треба да биде прво денуклеаризација, а потоа мир“, вели Јун.

Неодамна, американскиот специјален преставник за Северна Кореја Стивен Биган помина речиси три дена во преговори со неговиот колега кои, тој ги нарече продуктивни, иако нагласи дека останува уште многу работа.

„Претседателот Трамп јасно ни даде до знаење, и на Северна Кореја и на нашиот тим, дека очекува значаен прогрес со денуклеаризацијата, акции што се очекува да произлезат од наредниот самит“, изјави Биган.

И покрај генерално позитивното мислење за претстојната средба, се` уште постои можност за продолжена стагнација или статус кво, велат некои експерти.

Според нив, тоа ќе се случи ако Северна Кореја одбие да даде потврда за денуклеаризација во каква било форма.

Друго сценарио, велат тие, што може да доведе до статус кво е ако Конгресот на САД одбие постепено да ги намали санкциите против Пјонгјанг, без тој прво да ја напушти нуклеарната програма.

Големо прашање пред претстијната средба, додаваат тие, е колкаво намалување на санкциите ќе понуди Трамп во замена за делумна денуклеаризција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG