Линкови за пристапност

Длабока поделеност на распит во САД за муслиманска радикализација


Длабока поделеност на распит во САД за муслиманска радикализација
Длабока поделеност на распит во САД за муслиманска радикализација

Едни тврдат дека е нужно потребен, други дека ги демонизира муслиманите во САД.

Контроверзен распит во Конгресот за заканата од радикали во американсата муслиманска заедница ја подвлече длабоката поделеност меѓу пратениците.

Претседавачот на Комисијата за домашна безбедност на Претставничкиот дом, републиканецот Питер Кинг од Њујорк, го отвори распитот со предупредување дека Ал-Каида прави организиран обид да радикализира млади муслимани во САД.

Кинг истовремено ги отфрли критиките дека распитот неправедно ги издвојува муслиманите и рече дека нема ништо радикално или пак неамериканско во тоа да се организира вакво сведочење.

Највисокиот по ранг демократ во Комисијата, конгресменот Бени Томпсон изрази загриженост за распитот, велејќи дека ќе го искористат оние “кои сакаат да инспирираат нова генерација на бомбаши-самоубијци“.

Тврдењата на Кинг ги предизвика и демократскиот пратеник Кит Елисон, првиот муслиман избран во Конгресот.

Во емотивно сведочење, Елисон кажа дека е загрижен оти распитот само ќе ја обвини целата американско-муслиманска заедница за постапките на поединци, велејќи дека таквиот приод е погрешен и неефикасен.

XS
SM
MD
LG