Претседателот Доналд Трамп ја повика конгресменката Илхан Омар од Демократската партија да поднесе оставка, иако таа се извини за нејзините коментари на Твитер кои беа оценети како антисемитски и наидоа на осуда и од демократите и од републиканците.
Трамп вели дека Омар треба да поднесе оставка барем од Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.
„Тоа што го кажа е длабоко всадено во нејзиното срце и покрај извинувањето. Мислам дека треба да поднесе оставка во Конгресот. Најмалку што може да стори е да се повлече од комисијата“, рече Трамп.
Омар е нова конгресменка од Минесота. Таа во неделата во неколку пораки на Твитер напиша дека про-израелската лоби група во САД, американско-изралеската комисија за јавни работи, ги купува законодавците за да ја поддржат израелската држава.
Омар е поборник на движењето БДС - бојкот, лишување од слобода и санкции – како би извршила притисок врз Израел во однос на третман на Палестинците.
Facebook Forum