Линкови за пристапност

Дармановиќ: САД го поддржуваат членството на Црна Гора во НАТО


Црногорскиот министер за надворешни работи е убеден дека Сенатот ќе го ратификува членството на Црна Гора во Алијансата

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, изјави дека црногорското членство во НАТО, има поддршка од американската администрација.

„САД беа меѓу оние што дадоа најголема поддршка и информации“, изјави Дармановиќ за Српската редакција на Гласот на Америка.

Поканата за влез во НАТО на Црна Гора чека одобрување од Сенатот, кој сега води распит за наводно мешање на Русија во минатогодишните избори во САД.

Дармановиќ вели дека не очекува какви било промени кои би и` наштетиле на американската ратификација на црногорското членство во НАТО.

„Јасно ни е дека Сенатот има исполнета агенда и оти не можат сите прашања да бидат адресирани веднаш“, рече Дармановиќ за Гласот на Америка, но, додаде дека кога ќе биде закажано гласањето, црногорското членство во Алијансата ќе биде одобрено со мнозинство гласови.

Поканата за влез на Црна Гора во НАТО треба да биде ратификувана од 28-те земји-членки, а Дарамновиќ кажа оти очекува Црна Гора веќе да учествува како членка на мајскиот Самит на Алијансата во Брисел.

XS
SM
MD
LG