Линкови за пристапност

Биохемичарката Камил Шриер е Мис Америка 2020 година


Камил Шриер изјави дека се надева дека ќе ги разбие стереотипите за тоа што значи да се биде Мис Америка со тоа што е „жена од науката“.

Биохемичарка ја освои титулата Мис Америка 2020 година.

Камил Шриер, Мис Вирџинија, изјави дека се надева дека ќе ги разбие стереотипите за тоа што значи да се биде Мис Америка со тоа што е „жена од науката“.

Наградата вклучува стипендија од 50,000 американски долари и едногодишна платена позиција како Мис Америка.

Веќе втора година по ред, кандидатките за Мис Америка не се оценуваат по тоа како изгледаат во костими за капење или во вечерни тоалети.

Победничката се избира преку серија интервјуа и демонстрација на таленти.

Шриер во моментов е на докторски студии од областа на фармацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG