Линкови за пристапност

Забрана за трансродови лица во армијата


Белата куќа најави правилник според кој Пентагон ќе ја регулира забраната

Белата куќа се очекува наскоро до Пентагон да достави насоки за спроведување на наредбата на претседателот Доналд Трамп за забрана трансродовите лица да служат во војската.

Со меморандумот, за кој јави Вол стрит џурнал, а подоцна беше потврден и од официјални лица со изјави за Њујорк тајмс и Ројтерс, секретарот за одбрана Џим Матис ќе има шест месеци за да го спроведе планот.

Со мерката, Пентагон ќе може да ги отстрани овие армиски припадници врз основа на стандардите дали можат да бидат распоредени во воени зони или да учествуваат во други мисии. Воедно, нема да дозволи прием на нови трансродови лица кои сакаат да се приклучат на армијата и ќе ги прекине трошоците за медицински третмани за лицата кои моментално се во активна служба.

Одлуката на американскиот претседател беше добредојдена од одредени членови на неговата конзервативна база, но наиде и на огромна критика кај законодавците и активисти за човекови права.

Според истражување на Корпорацијата РАНД, во армијата на САД моментално служат околу 4.000 трансродови лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG