Авион на Маринскиот корпус се урна во јужната сојузна држава Мисисипи, при што загинаа 16 лица.
Официјални претставници изјавија дека авионот-танкер КЦ-130 се урнал во поле со соја, околу 135 километри северно од главниот град на Мисисипи, Џексон. Причината за несреќата се`уште не е позната.
Портпаролката на Маринскиот корпус, капетан Сара Барнс, кажа само дека авионот „доживеал несреќа“.
Сенаторот Том Тилис од Северна Каролина рече дека авионот бил од воздухопловната база на Маринскиот корпус во Чери Поинт, Северна Каролина.
Facebook Forum