Линкови за пристапност

Продолжува потрагата по исчезнатите морнари


Авион на американската морнарицата се урна јужно од јапонскиот остров Окинава

Продолжува потрагата по тројцата морнари, кои исчезнаа откако авион на американската морнарица се урна во западниот дел на Тихиот Океан.

Авионот се урна во средата, 925 километри јужно од Окинава, додека превезувал патници и товар од американска база во Јапонија до носачот на авиони "УСС Роналд Реган".

Официјален претставник изјави дека 40 минути по несреќата биле спасени осум лица и подоцна пренесени до носачот на авиони. Сите се во добра состојба.

Од морнарицата соопштија дека американски и јапонски бродови и авиони пребаруваат повеќе од 320 наутички милји во потрагата по исчезнатите.

Засега нема информација за причините за несреќата. Од морнарица велат дека инцидентот се` уште се истражува.

Ова е петти поголем инцидент на морнарицата во азиските води годинава.

Во две несреќи во кои беа вклучени воени бродови, загинаа 17 морнари. По инцидентите, Одделот за одбрана од морнарицата суспендираше осум офицери, вклучувајќи го и командантот на 7-та флота.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG