Линкови за пристапност

САД употребија солзавец против мигрантите на границата со Мексико


Припадниците на американската гранична служба употребија солзавец на американско – мексиканската граница во близина на Сан Диего во време кога околу 150 мигранти се обиделе да ја преминат граничната ограда.

Властите соопштија дека некои мигранти се обиделе да прескокнат или да поминат под оградата, но дека солзавецот бил употребен против мигрантите што фрлале камења, а не кон оние кои се обиделе да влезат во САД.

„Ниту еден од агентите не видел дека мигрантите во близина на оградата, вклучувајќи ги и децата биле изложени на хемиските агенси кои беа употребени кон фрлачите на камења“ се вели во соопштението.

Граничната служба употребила солзавец затоа што демонстрантите фрлале камења и ги загрозувале децата на местото на настанот.

Агентите уапсиле 25 лица, додека други избегале назад во Мексико.

Мигрантите кои се обиделе да ја прескокнат оградата се дел од караванот од околу 7.000 лица од Централна Америка кои пристигнаа во мексиканскиот пограничен град Тихуана.

Претседателот на САД, Доналд Трамп зазеде тврд став кон мигрантите од Централна Америка кои бегаат од сиромаштијата и насилството, велејќи дека нема да им биде дозволено да влезат во САД. Трамп исто така распореди илјадници војници на јужната граница и побара од Конгресот да одобри финансирање на пограничен ѕид.

Во Тихуана имаше протести против мигрантите, како и судири меѓу мигрантите и мексиканските и американските власти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG