Линкови за пристапност

Трамп се заканува со војска против караванот мигранти


Американскиот претседател тврди дека меѓу 3.000 мигранти кои се движат во караванот од Хондурас преку Гватемала и Мексико за да стасаат во САД има и голем број криминалци

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе испрати војска за да ја затвори јужната граница, ако Мексико не го запре караванот мигранти од Централна Америка.

Проблемот со мигрантите најверојатно ќе биде дискутиран и при денешната средба на американскиот државен секретар Мајк Помпео и мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието во Мексико Сити.

На само неколку недели пред делумните конгресни избори, Трамп на собир во Монтана кажа дека демократите се виновни за големиот број илегални имигранти:

Трамп дури сугерираше дека времето кога се случува караванот може да има врска со политиката:

„Тие посакуваа караванот да се случи, и велеа нели караванот се случи. Нели се случи, но има многу причини за караванот ... од четири илјади лица. Но, јас сакам да и се заблагодарам на мексиканската влада, бидејќи тие ќе го запрат, и се надевам дури пред да стаса во Мексико“, кажа американскиот претседател.

Мексико вчера испрати стотици полицајци на јужната граница со Гватемала.

Трамп тврди дека меѓу 3.000 мигранти кои се движат во караванот од Хондурас преку Гватемала и Мексико за да стасаат во САД има и голем број криминалци.

Трамп се заканува дека ќе ја прекине помошта за Хондурас ако мигрантите не бидат запрени.

Многумина од оние кои се обидуваат да стасаат во САД сакаат да избегаат од секојдневното насилство и да ги оттргнат нивните деца до влијанието на бандите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG