САД ја исполнија квотата да прифатат 10.000 бегалци од Сирија во 2016-та година. Белата куќа изрази надеж да „ја зголеми амбицијата“ за смирување на сириската криза и потребата да најде начин да стави крај на војната во оваа држава.
„Во име на претседателот и на неговата администрација, им посакавме најтопло добредојде на буквално секој од Сирија, како и на многу други бегалци раселени од секаде во светот годинава“, изјави државниот советник за безбедност Сузан Рајс.
Војната во Сирија, која трае повеќе од пет години, доведе до масовно раселување бегалци од државата, а речиси скоро пет милиони луѓе се упатија кон Турција, Либан и Јордан.
Напливот бегалци предизвика дебати во Европа, за тоа колку луѓе владите на државите треба да прифатат.