Линкови за пристапност

Пентагон одобри испраќање војници на границата со Мексико


Илјадници војници ќе им се придружат на припадниците на Националната гарда за да го блокираат караванот на мирганти

Караванот мигранти од Хондурас и Гватемала кој се движи полека се приближува од југ се` уште има стотици километри од најблиската граница на САД. Во меѓувреме

Пентагон го одобри барањето на Одделот за домашна безбедност за испраќање на стотици трупи за зајакнување на границата на САД со Мексико.

Во соопштението се наведува дека, покрај другите должности, персоналот ќе ја поддржи граничната патрола со помош при планирање, медицински екипи и изградба на привремени живеалишта. Медиумските извештаи сугерираат дека може да бидат распоредени илјадници трупи војници.

Секретарот за одбрана Џим Матис рече дека се работи на деталите.

Војниците ќе се приклучат на повеќе од две илјади припадници на Националната гарда, кои се веќе распоредени во областа за поддршка на агентите во граничната партола.

Во меѓувреме, аминистрацијата на Трамп соопшти дека работи на нова извршна наредба со цел спречување на барателите на азил и имигрантите да ја преминат американско-мексиканската граница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG