Линкови за пристапност

Караванот пристигна на американската граница


Претседателот Трамп вели дека караванот е закана за САД

Група од околу 50 мигранти од Централна Америка се пријавиле пред американските погранични власти, барајќи азил во САД. Тие патувале околу еден месец низ Мексико.

Не е јасно колку долго ќе треба да чекаат да бидат разгледани нивните барања, откако соопштија дека преминот Сан Исидро нема повеќе расположлив капацитет.

Многу од мигрантите се жени и деца и се дел од група која доаѓа од Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор.

Тие се упатија кон преминот Ел Чапарал, носејќи бели ракави за да се разликуваат од другите патници на границата.

Никол Рамос, адвокат кој работи со мигрантите, изјави дека планира на пограничните служби да им пренесе дека тие се плашат да се вратат во своите матични земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп и владините претставници го следат караванот, нарекувајќи го закана за САД.

Со цел да изврши притисок врз Мексико, Трамп испрати стотици војници на Националната гарда на границата. Тој дури се закани дека ќе има последици по договорот за слободна трговија во Северна Америка, познат како НАФТА.

Мексико го отфрли притисокот од Трамп, и на мигрантите им даде едномесечна дозвола за транзит, за тие да можат да одлучат дали сакаат да бараат престој во Мексико, да се вратат дома или да продолжат кон САД.

Неколкунеделното патување на т.н. караван е годишен настан, организиран со цел да го привлече вниманието врз сиромаштијата во Централна Америка. Традицијата датира од 2010-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG