Линкови за пристапност

Небраска погодена од големи поплави


Стотици домови се оштетени, а околу 660 луѓе се наоѓаат во засолништа

Топењето на снегот и неодамнешните поројни дождови доведоа до рекордни поплави во делови од САД, особено во државата Небраска. Поради оштетување на стотици домови голем број жители беа принудени на евакуација, а најмалку едно лице го загуби животот.

Забележано е рекордно ниво на поплавите на 17 локации во Небраска. Државната агенција за управување со вонредни состојби за Асошиетед прес соопшти дека до вторник се очекуваат рекордни нивоа на различни реки.

Небраска е погодена од една од најлошите зимски поплави што се видени низ Средниот Запад, откако голема бура го погоди регионот со силен снег и дожд.

Стотици домови се оштетени, а околу 660 луѓе се наоѓаат во засолништа.

Досега околу 300 лица се спасени од надојдените води низ Небраска.

Рекордни поплави се забележани и во Ајова и Мисури.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG