Три недели пред делумните конгресни избори во САД, тешко може да се најде тема за која се согласни демократите и републиканците.
Сепак, двете страни заклучија дека расправата за претседателот Доналд Трамп ќе биде клучна во изборите, што ќе одреди кој ќе ја преземе контролата во Конгресот наредните две години.
И како што претседателот ја почна кампањата низ државата во име на републиканците, тој ги потсети поддржувачите дека има личен залог во резултатот на шести ноември.
„Целиот овој исклучителен прогрес е во залог“, изјави Трамп пред поддржувачите во Мисисипи, охрабрувајќи ги граѓаните да излезат и да гласаат.
Истовремено, мотивирајќи ги поддржувачите, Трамп предизвикува и критика, поттикнувајќи протести во Њујорк против неговото однесување „како да е над законот“.
Аналитичарот од Американскиот Универзитет Дејвид Баркер вели дека нема сомнеж оти Трамп е централна фигура на претстојните избори.
„Трамп целосно тоа го прифаќа. Тој сака се` да биде околу него“, рече Баркер.
За разлика од некои други претседатели, кои се обидуваа да се спротивстават на идејата дека делумните избори треба да бидат референдум за претседателот, Трамп го прифаќа ваквиот начин.
Тој се надева дека ќе им помогне на републиканците, иако демократите велат дека тој може да биде ефективен само во охрабрување на граѓаните да гласаат.
„Затоа мислам дека многу луѓе ќе излезат да гласаат“, велат дел од демократските законодавци.
Иако претседателот нема да се најде на Избирачкиот список во ноември, аналитичарите веруваат дека тој ќе биде централна фигура за гласачите, а овие избори ќе ја одредат иднината на неговото претседателство.
Facebook Forum