Во трката за Конгресот, демократите водат во добивање пари за кампањата. Но, дали тоа е доволно да ги победат републиканците?
Во очигледно најскапите конгресни избори во историјата на САД, демократите имаат исклучителен предизвик во добивање повеќе донации од републиканците, поради што се надеваат дека ќе успеат да ја надминат нивната доминација во Конгресот.
Додека републиканците се очекува да го задржат нивното тесно мнозинство во Сенатот со 51 наспроти 49 гласа, дури и да го зголемат, анкетите покажуваат дека демократите се надеваат оти ќе го преземат Претставничкиот дом првпат по седум години.
Тие треба да обезбедат 23 места за да ја вратат контролата во Претставничкиот дом.
Сите 435 места во Претставничкиот дом, како и 35 од 100 места во Сенатот ќе бидат на Избирачкиот список следниот месец.
Кандидатите кои се во трка за овие места, до 30-ти септември имале собрано 2.3 милијарди долари од донатори и политички комитети, покажуваат најновите податоци на Федералната изборна комисија.
Генерално, демократите ги надминале републиканците со 411 милиони долари.
Во трката за Претставничкиот дом, демократските кандидати обезбедиле 850 милиони долари, во споредба со републиканците кои собрале 576 милиони долари.
Во Сенатот, пак, демокартите собрале речиси 490 милиони долари, споредбено со 337 милиони долари за републиканците.
Парите ги одржуваат американските кампањи. Кандидатите и нивните советници користат фондови за да купат скапи термини за појавување на телевизија, за плаќање помошници и за други потреби за водење на кампањата.
Рекламирањето претставува најголем трошок во конгресната кампања.
Финасирањето се очекува да продолжи и во последните три недели од кампањите, пред изборите на шести ноември.
Facebook Forum