Изрел го поздрави сигналот од земјите на Арапската лига кои ја поддржаа идејата преку размена на земјиште да се договорат идните израелско-палестински граници.
По вчерашниот состанок на претставници на Арапската лига и американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон, катарскиот премиер Шеик Хамад Бин Јасем Ал Тани изјави дека неговата делегација, составена од виши претставници на шест арапски влади, ги поддржува обострано договорените, споредливи и мали размени на земјиште.
Израелската министерка за правда Ципи Ливни денес коментираше дека таквото нешто би им овозможило на Палестинците да ги направат неопходните компромиси за понатамошните преговори. Таа рече и дека истото е знак до израелскиот народ дека мировниот процес не вклучува само дијалог со Палестиците, туку и со поширокиот регион.
Изјавата на катарскиот премиер навидум претставува промена на со децении стариот мировен предлог на Арапската лига што бара Израел да се повлече од сите територии окупирани во Блискоисточната војна од 1967-ма година и да се врати во претходните граници, во замена за целосен мир со сите земји-членки на Лигата.