Линкови за пристапност

САД и Полска ќе одржат заеднички состанок за мир на Блискиот исток


Меѓународниот состанок ќе се одржи во Варшава на 13-ти и 14-ти февруари

САД и Полска ќе одржат заеднички министерски состанок за да промовираат мир и безбедност на Блискиот исток.

Меѓународниот состанок ќе се одржи во Варшава на 13-ти и 14-ти февруари.

„Ќе се адресираат критичните прашања, вклучувајќи тероризам и екстремизам, развој на проектили и закани од групи поддржани од надвор“, соопшти Стејт департментот.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, во изјава за Фокс њуз, вели дека фокус на состанокот ќе биде стабилноста, мирот, слободата и безбедноста на Блискиот исток, вклучувајќи важен елемент да се осигура дека Иран нема да има дестабилизирачко влијание.

Помпео денес пристигна во Манама, Бахреин, држава која што САД ја нарекоа `лојален поддржувач` да се ослабат малигните напори на Иран.

Оттука Помпео ќе отпатува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, како и во Катар, Саудиска Арабија, Оман и во Кувајт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG