ВАШИНГТОН —
Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес е во посета на Аман, главниот град на Јордан. Фокус на неговата посета е Иран и Исламската држава.
Тој изјави дека сака да испрати јасна порака оти САД остануваат посветени во регионот, во борбата против Исламската држава и дестабилизирачки активности на Иран.
Еднонеделното патување на Помпео вклучува посета и на Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Оман и на Кувајт.
Facebook Forum