Линкови за пристапност

Болтон го обвини Иран за нападите врз танкерите во Обединетите Арапски Емирати


Американскиот советник за национална безбедност рече дека танкерите биле погодени од поморски мини

Советникот за национална безбедност Џон Болтон изјави дека Иран бил „речиси сигурно одговорен“ за нападите врз танкерите со нафта кај крајбрежјето на Обединетите Арапски Емирати на почетокот на овој месец.

При посетата на Абу Даби, каде рече дека разговорите на оваа тема се „важни и сензитивни реагионално безбедносни прашања“, Болтон не покажа ниту еден доказ да ги поткрепи обвинувањата, туку само истакна дека танкерите биле погодени од поморски мини.

Иран претходно ја отфрли одговорноста за нападите, а портпаролот на Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на Болтон како апсурдни.

Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа изминативе недели, откако претседателот Доналд Трамп ја најави одлуката да го стопира извозот на иранска нафта, со цел да изврши притисок врз Иранската влада да го поправи нејзиното однесување на Блискиот исток.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека администрацијата на Трамп врши „економски тероризам“ со повторно воведување на санкциите против Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG