Додека американските и мексиканските тимови започнуваат разговори оваа недела во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е „во ред“, да продолжи со заканите за наметнување на царини за мексикански производи, освен ако Мексико не преземе повеќе мерки за намалување на бројот на мигранти од Централна Америка кои стигнуваат до границата.
„Сите доаѓаат преку Мексико - вклучувајќи и дрога и трговија со луѓе – и ние ќе го запреме тоа или нема да правиме бизнис. Многу е едноставно“, изјави за новинарите Трамп.
Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос и мексиканската министерка за економија Грациела Маркез денеска започнуваат со разговори. Во среда е планиран состанок меѓу државниот секретар на САД Мајк Помпео и мексиканскиот секретар за надворешни работи Марчело Ебрард.
Ебрард рече дека ќе биде „цврст и ќе го брани достоинството на Мексико“.
И додека Трамп ја потврди својата подготвеност да продолжи со царинскиот план, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор изјави дека неговата влада е пријател на американската влада, дека сака да остане пријател на Трамп и дека мексиканскиот народ е пријател со луѓето во САД.
„Дозволете да се заколнам дека ништо и никој нема да го растури нашето прекрасно и свето пријателство“, напиша Лопес Обрадор во порака на Твитер. https://twitter.com/lopezobrador_/status/1135264415828365312
Тој повика тензиите да се разрешат со дијалог наместо со „принудни мерки“.
Трамп минатата недела рече дека САД ќе наметнат пет проценти на мексиканските производи почнувајќи од 10-ти јуни и тие ќе продолжат да растат секој месец до 25 проценти до први октомври.
Facebook Forum