Линкови за пристапност

Тилерсон и Кели во олеснување на тензиите САД-Мексико


Двајцата американски претставници се на средби во Мексико, со цел да го ублажат гневот во Централна Америка кон политиката на новата администрација

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и секретарот за домашна безбедност Џек Кели се сретнаа со официјални претставници на Гватемала и Мексико, по најавата на САД за нови мерки во легалната имиграција.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека односите меѓу САД и Мексико ќе останат позитивни.

Тој рече дека разговорите бил насочени кон подобрување на квалитетот на животот на луѓето од двете страни на границата, преку справување со трговијата со дрога, како и за изнаоѓање начини да се подобрат економските односи.

Тилерсон и Кели се надеваат дека средбите ќе придонесат за ублажување на загриженоста и гневот во Мексико, за политиката на новата администрација на САД кон Централна Америка.

Претседателот на САД Доналд Трамп, во неколку наврати претходно, изјави дека Мексико, на еден или на друг начин, мора да плати за безбедносен ѕид долж границата, што законодавците во Вашингтон пресметаа дека ќе чини најмалку 12 милијарда долари.

XS
SM
MD
LG