Државниот секретар Рекс Тилерсон и секретарот за домашна безбедност Џон Кели, утре ќе се сретнат со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието и други владини претставници. Ова се очекува да биде првата во серијата разговори на високо ниво со фокус на шверцот на дрога, трговијата и имиграцијата.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на денешнито брифинг за новинарите, односите меѓу САД и Мексико ги нарече, „здрави и цврсти“.
Сепак, посетата на американските државници на Мексико се случува во време на, на како што се чини, затегнати односи меѓу двете земји коишто уживаат мир долж 3.100-километарската граница од Мексиканско-Американската војна во доцните 1840-ти години, наваму.
Претседателот Трамп на неколкупати досега кажа дека на ваков или онаков начин, Мексико мора да плати за ѕидот на границата којшто според проценките на законодавците во Вашингтон, би чинел најмалку 12 милијарди долари. Воедно, Одделот за домашна безбедност претстави нови насоки во имиграционата политика, што можно е да резултираат со депортација на милиони недокументирани имигранти од САД.
Во меѓувреме, според Ројтерс, мексиканскиот министер за надворешни работи Луис Видегереј, изјавил дека неговата земја нема да прифати нови „унилатерални“ имиграциони предлози од страна на САД и нема да се двоуми прашањето да го образложува и во ОН.