Официјални лица на САД и Мексико денес се вратија на преговарачка маса да најдат начин како да го спречат бранот мигранти од Централна Америка, кои ја поминуваат јужната граница, и кои претставуваат можна причина за трговска војна меѓу двете држави.
САД го повикаа Мексико да го лимитира приливот на мигранти, оти во спротивно претседателот Доналд Трамп повторно рече дека ќе воведе даноци од пет проценти на увезените производи од Мексико наредната недела, доколку не се постигне договор.
Потпретседателот на САД Мајк Пенс рече дека првичните разговори со Мексико неделава биле позитивни, но, оти САД сакаат Мексико да ги зголеми напорите во ограничување на мигрантите од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, кои бараат подобар живот во САД и излез од сиромаштијата и насилството дома.
Трамп, пак, од Европа рече дека ако не се постигне договор даноците ќе стапат во сила в понеделник, и ќе се зголемуваат месечно, односно до 25 проценти до октомври.
Мексиканскиот министер за надворешни работи изјави дека се` уште не е постигнат договор, но, оти има напредок.
Facebook Forum