ВАШИНГТОН —
Мексико формално побара САД да направат темелна истрага за инцидентот на први јануари, при кој американски агенти пукале со несмртоносно оружје кон Мексико за да ги спречат мигрантите да ја поминат границата.
Граничните аганти фрлиле солзавци преку границата за да оневозможат околу 150 мигранти да ја поминат граничната ограда близу Сан Диего.
Мексико изјави дека сличен ваков инцидент се случил и во ноември минатата година.
Мигрантите биле дел од караваните кои донесоа повеќе од 7.000 лица од Централна Америка до мексиканскиот пограничен град Тихуана.
Facebook Forum