Линкови за пристапност

Трамп најави дополнителен неспецифичен договор со Мексико


Мексикански високи претставници негираат дека со Вашингтон се постигнати какви било дополнителни договори

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со прашања за неговиот неодамнешен договор со Мексико за контрола на имиграцијата, но не појасни доволно околу необјавените делови од договорот.

„Тоа е само уште еден аспект од она што го направивме“, одговори Трамп за време на настан во Белата куќа во чест на тимот на тркачки автомобили кој ја освои овогодинешната трка Индијанаполис 500.

На прашање на новинарот на Гласот на Америка, дали постои таков договор – кој Мексико го порекнува, Трамп одговори: „Не верувам дека долго ќе одрекуваат. Сето тоа е готово.“

Конфузија и вчудовиденост следеа на двете страни на границата откако Трамп вчера рече дека САД го потпишале она што го нарекува „уште еден важен дел од договорот за имиграција и безбедност со Мексико“.

Мексиканските власти во понеделникот негираа каков било договор за контрола на мигрантите.

Тоа би можело да биде поврзано со плановите за регионален договор за азил, ако мерките договорени минатата недела помеѓу Вашингтон и Мексико Сити не го запрат бранот мигранти од Централна Америка кон САД.

„Ние веруваме дека мерките што ги предложивме ќе бидат успешни“, изјави за новинарите во понеделникот мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрар. „Но, ако не се, ќе мораме да учествуваме во овој вид на дискусија.“

Тој рече дека дискусијата ќе следи откако ќе се види колку добро сегашниот договор се спроведува во текот на 45 дена. Исто така, ја нагласи потребата да се докаже вредноста на мерките како што се инвестирање во развојот на земјите од Централна Америка, така што луѓето не би чувствувале потреба да ги напуштаат своите домови и да патуваат на север.

Конфузија и вчудовиденост следеа на двете страни на границата откако Трамп вчера рече дека САД го потпишале она што го нарекува „уште еден важен дел од договорот за имиграција и безбедност со Мексико“.

Ако постои потреба да се зборува за регионален систем за бегалци, Ебрар изјави дека во тие дискусии треба да се вклучат Обединетите нации, како и земјите кои често се појдовни точки за мигрантите кои патуваат во Мексико и САД, како што се Гватемала, Панама и Бразил.

На прашањето во Мексико Сити за клаузулата која го обврзува Мексико да купува повеќе производи од американските фарми, како што Трамп сугерираше во последните пораки на Твитер, Ебрард само рече: „Миграционото прашање е одвоено од трговијата“.

Трамп долго време го критикуваше Мексико дека не прави доволно за да го намали бројот на луѓе кои пристигаат на јужната граница на САД.

„Ако немавме (закана со) царини, немаше да склучиме договор со Мексико“, изјави Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG