Линкови за пристапност

САД ги враќаат барателите на азил во Мексико додека да заврши процедурата


Мексико треба да ги обезбеди мигрантите со потребната хуманитарна заштита за време на нивниот престој

Одделот за домашна безбедност на САД најави дека ќе врати дел од барателите на азил назад во Мексико, додека чекаат нивните случаи да бидат процесуирани во САД.

Во најавата се вели дека Мексико ќе ги обезбеди мигрантите со потребната хуманитарна заштита за вереме на нивниот престој.

Одделот за домашна безбедност вели дека САД се „соочуваат со безбедносна и хуманитарна криза на јужната граница“, и оти токму поради тоа ја спроведува оваа акција за заштита на мигрантите.

„Фамилиите и поединците кои доаѓаат на границата не се национална безбедност, и не треба да ги напуштиме оние што изгубиле се` и се обидуваат да почнат нов живот“, изјави Маргарет Ханг од Амнести интернешенл.

Одделот за домашна безбедност нагласи дека новата политика ќе ги обесхрабри лицата нелегално да влегуваат во САД, и ќе им даде можност на оние што легитимно се квалификувани да побараат азил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG