Линкови за пристапност

Трудо ќе се сретне со Трамп за трговскиот договор


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска е во посета на Вашингтон за да разговара за трговските прашања со САД

Еден ден откако Мексиканскиот Сенат го ратификуваше новиот трговски договор со Канада и Соединетите Американски Држави, канадскиот премиер Џастин Трудо денеска е во посета на Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за договорот и другите трговски прашања со САД.

Со едногласно гласање во средата во Сенатот, Мексико стана првата земја што го одобри договорот САД-Мексико-Канада и покрај сомневањата на либералите и тензиите со САД поради имиграцијата.

Новиот договор е речиси идентичен со стариот. Главните разлики го вклучуваат условот автомобилите што се извезуваат во САД да мора да содржат повеќе делови од САД, а американските производители на млеко да можат да ги продаваат своите производи во Канада.

Канадскиот парламент уште не гласаше за новиот договор, а договорот се соочува со противење од страна на демократите во САД.

Новиот договор го замени Северно-американскиот договор за слободна трговија од 1994 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG