Администрацијата на претседателот Трамп им дозволи на воените сили стационирани на границата со Мексико да можат да користат смртоносно оружје, доколку тоа е потребно.
Секретарот за одбрана, Џим Матис вчера потврди дека добил налог потпишан од шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели, а не претседателот Доналд Трамп за новите насоки.
Сепак, Матис ја минимизираше наредбата, посочувајќи дека воената полиција ќе носи заштитна опрема. Тој, додаде дека повеќето војници на границата дури не се ни вооружени.
Матис вели дека тој го има последниот збор за употребата на сила од страна на војската распоредена на границата. По барање на Трамп досега се распоредени околу 5800 војници, заедно со 2100 припадници на Националната гарда.
Матис, пред новинарите изјави дека некои припадници ќе бидат дома за време на празниците.
Facebook Forum