Линкови за пристапност

САД со нова иницијатива до Мексико за зголемување на безбедносната соработка


Високи американски официјални лица велат дека соработката би опфаќала прашања како перење на пари, нелегални дроги, трговија со луѓе и екстрадиција на криминалци

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес им се приклучи на секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и главниот правобранител Мерик Гарленд во Мекиско Сити, за дијалог на високо ниво во однос на безбедносните прашања.

Високи американски официјални лица изјавија дека веруваат оти САД и Мексико се подготвени да го обноват договоот за безбедносна соработка.

Блинкен денес имаше работен појадок со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и мексиканскиот секретар за надворешни работи Марсело Ебрард.

Високи официјални лица од администрацијата за време на телефонски брифинг вчера изјавија дека САД ќе откријат нова иницијатива за безбедност, со која ќе се најдат начини да се подобри безбедносната соработка.

Оваа иницијатива би им помогнала на двете држави да учат меѓусебе од нивните стратегии за превенција, како и да воспостават приоритети за делување, рече високо официјално лице од администрацијата на САД.

Соработката ќе опфаќа безбедносни прашања, меѓу кои перење на пари, нелегални дроги, трговија со луѓе, екстрадиција на криминалци и други прашања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG