Властите на Мексико и САД соопштија дека ќе ги гонат сите вмешани во насилството на границата, откако мирниот марш на границата против долгото процесирање на барањата за азил вчера ескалираше со инцидент, при кој група мигранти се обидоа да ја поминат границата.
Американските гранични патроли одговорија со солзавец.
Секретарката за домашна безбедност на САД Кирстен Нилсен рече дека царинската служба и граничната патрола „биле погодени од проектили кои ги фрлале припадниците на караванот“, поради што бил употребен солзавец.
Околу 5.000 луѓе, од кои најголем дел од нив од Хондурас, Гватемала и од Ел Салвадор, се собраа во Тихуана за да побараат азил, со цел да избегаат од сиромаштијата и насилството во нивните држави.
Многумина изразија незадоволство поради долгото чекање да им бидат разгледани нивните случаи.
Преминот Сан Исидоро, преку кој се влегува во Сан Диего, е еден од најпрометните, и во моментов таму се процесираат по 100 барања за азил дневно.
Facebook Forum