Линкови за пристапност

Над 70 отсто од Американците сметаат дека Мексико е сојузник на САД


Околу 20 проценти го гледаат јужниот сосед како непријател, покажа истражување на Галуп

Мислењето на американските граѓани за Мексико е најниско во последните дваесет години, покажува новото истражување на Галуп.

Анкетата на јавното мислење открива дека 72 отсто од граѓаните сметаат дека Мексико е сојузник на САД, 45 проценти веруваат дека е пријател, додека повеќе од една четвртина или 20 проценти гледаат на јужниот сосед како на непријател.

За разлика од сега, анкетата на Галуп во 2000-та и 2001-та година покажала дека 88 проценти од Америкаците верувале оти Мексико е сојузник или пријател на САД.

Тензиите меѓу двете држави се големи поради илегалната имиграција, трговијата и предлогот на претседателот Доналд Трамп да се изгради ѕид на границата САД - Мексико. Американските граѓани се загрижени и за трговијата со дрога и насилство на границата.

Според Мексиканското министерство за внатрешни работи, Мексико имал 29.168 убиства во 2017-та година, што преставува најголем број досега.

Истражувањето забележува дека демократите имале попозитивен став кон Мексико, за разлика од републиканците.

Галуп го спроведе истражувањето минатиот месец, за да види каков став имаат Американците за 12 држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG