Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп се подготвува за намалување на регулативата за испуштање на метан


Еколозите и некои од компаниите за фосилно гориво се спротивставија

САД се подготвуваат да ја намалат регулативата која се однесува на емисиите на метан.

Извори блиски на процесот на изготвување на регулативата, велат дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да го елиминира барањето индустријата за нафта и природен гас да користи технологија за да извршат увид и поправка на протекувањата на метан и опрема за пренос, вклучително и цевководи и објекти за складирање.

Олеснувањето на регулативата е последно во низата ограничувања во областа на животната средина што ги наметна поранешниот претседател Барак Обама, додека администрацијата на Трамп настојува владата да изгледа помалку наметлива, а повеќе деловно отворена.

Официјални лица од администрацијата на Трамп велат дека намалувањето на емисиите на метан се очекува да донесат заштеди во енергетската индустрија помеѓу 17 и 19 милиони долари годишно. Но, исто така сметаат дека индустријата веќе има поттик да прибере што е можно повеќе метан од истекувањата во атмосферата затоа што тогаш има повеќе гас за продажба.

Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД индустријата за нафта и гас е примарен извор на емисиите на метан во земјата, а компонентата на природен гас се смета дека повеќе придонесува одошто јаглерод диоксидот за климатските промени, иако се јавува во помали количини.

Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД индустријата за нафта и гас е примарен извор на емисиите на метан во земјата, а компонентата на природен гас се смета дека повеќе придонесува одошто јаглерод диоксидот за климатските промени, иако се јавува во помали количини.

Сепак, некои од најголемите компании за фосилно гориво – како Ексон и Шел - се спротивставуваат на полабавите регулативи, исто како што некои од најголемите светски производители на автомобили неодамна се спротивставија на плановите на администрацијата Трамп за олеснување на стандардите за ефикасноста на горивото.

Најавените промени на регулативата еколозите ги пречекаа со критики.

Кеси Сигел, директор на Институтот за климатски закони при Центарот за биолошка разновидност рече дека со ваквиот потег всушност ќе се зголеми загадувањето.

Новите правила за метан на Агенцијата за заштита на животната средина на САД се предмет на ревизија, но може да бидат финализирани на почетокот на следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG