Линкови за пристапност

САД го одбележуваат Денот на сеќавање на загинатите американски војници од сите војни


Празникот минува и во знак на оддавање почит на жртвите од Ковид-19 во САД, меѓу кои се бројуваат и повеќе од 1.000 ветерани

Денеска САД го одбележуваат Денот на сеќавање на загинатите американски војници од сите војни - ден во кој се оддава почит на стотици илјади американски војници, мажи и жени, кои ги жртвуваа животите за својата држава.

Официјално, овој ден се одбележува на последниот понеделник во мај, во чест на сите кои досега го дале животот за време на воена служба.

По наредба на претседателот Доналд Трам, знамињата низ целата држава се спуштени на половина копје, за да им се оддадат почест, вклучително и на речиси 100.000 Американци кои починаа од коронавирусот.

САД имаат најголем број заболени од Ковид-19, вклучително и повеќе од 1.000 ветерани кои починале од вирусот.

Во 1971-та година, Конгресот го прогласи овој Денот на сеќавањето за државен празник во САД.

Празникот е исто така неофицијален почеток на сезоната на летни одмори во САД, но со упатствата за социјално дистанцирање, ограничувањата за одредени патници од странство и милионските загуби на работни места, сезоната ќе биде различна од претходните години.

Предвидено е Трамп да положи венец на Националните гробишта во Арлингтон, а потоа да го посети Форт Мекхенри во Балтимор, каде се водеше историска битка во војната од 1812 година.

Здравствените експерти и локалните власти ги повикуваат луѓето што посетуваат плажи или излетнички места да практикуваат социјално дистанцирање.

Д-р Дебора Биркс од работната група на Белата куќа за борба против коронавирусот изјави дека е „многу загрижена“ поради фотографии и видеа на кои цел викенд се гледаат луѓе во преполни базени и на други места за рекреација без да носат маски.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, изјави во неделата дека неговата држава е „во фаза на повторно отворање“. Њујорк е најтешко погодена држава во САД. Но, Кумо рече дека, бројките се движат во вистинска насока.

Што се однесува до другите држави во светот, Франција денеска започна да ги укинува ограничувањата на границата за да им овозможи движење на работниците мигранти и туристите од другите европски земји.

Шпанија отвори дел од своите плажи. Мадрид и Барселона им дозволија на луѓето да се соберат во групи од повеќе од 10 лица, на музеите им дозволи мал број посетители, а на рестораните да користат половина од својот капацитет за седење на отворено.

САД најавија забрана за патување за странците кои биле во Бразил во претходните 14 дена.


Во Бразил има нови 653 нови смртни случаи, додека бројот на потврдени случаи на заболени надмина 360.000. САД најавија забрана за патување за странците кои биле во Бразил во претходните 14 дена.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја укина националната вонредна состојба, додека професионалната бејзбол лига соопшти дека планира да ги започне натпреварите на 19 јуни без присуство на навивачи.

Јужна Кореја планира да наложи носење на маски за луѓе кои користат такси и јавен превоз, почнувајќи од вторник. Маските ќе бидат задолжителни на домашни и меѓународни летови почнувајќи од среда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG