Шеснаесет месеци откако нејзиниот сопруг беше избран за претседател на САД, Меланија Трамп ја објави својата прва официјална иницијатива како прва дама.
Наречена „Биди најдобар“ иницијативата е кампања за подигање на свеста за детското емоционално и физичко здравје. Претседателот Трамп рече дека иницијативата ќе се фокусира на благосостојбата, користењето на социјалните медиуми и против злоупотребата на опиоиди.
„Ако навистина слушаме што сакаат нашите деца да кажат, без разлика дали се станува збор за нивни грижи или идеи, возрасните можат да дадат поддршка и знаења кои им се потребни за да бидат среќни и продуктивни индивидуи, кои како возрасни позитивно ќе придонесуваат за општеството и глобалните заедници“ рече првата дама.
Facebook Forum