Линкови за пристапност

Медиумите ја обвинија Меланија Трамп дека промовирала брошура на Обама


Белата куќа соопшти дека обвинувањата се неосновани

Белата куќа ги осуди медиумите, кои вчера објавија дека брошурата, која првата дама Меланија Трамп ја промовираше за кампањата „Биди најдобар“, првпат била користена од администрацијата на Обама.

Брошурата за иницијативата за подигање на свеста за детското емоционално и физичко здравје, беше објавена на интернет, но, по забележување на одредени сличности за изданието во времето на Обама, текстот беше обновен, нагласувајќи дека книгата е на Федералната трговска комисија, промовирана од првата дама.

Белата куќа објави соопштение, обвинувајќи ги опозициските медиуми дека, денот за промовирање позитивни напори за доброто на децата, го искористиле за неосновани обвинувања против првата дама и нејзините нови иницијативи.

Директорката за комуникации на првата дама Стефани Гришам, изјави дека „Трамп се согласила да ја промовира иницијативата `Биди најдобар`, како и да ја дистрибуира брошурата, со цел да се искористи нејзината платформа во насока на проширување на позитивната порака“.

За време на републиканската конвенција во 2016-та година, Трамп беше критикувана дека искористила говор на Мишел Обама.

Одговорност за тој случај презеде личноста што го пишуваше говорот, велејќи дека по грешка вметнала делови од говорот на Обама, кои многу и` се допаѓале.

Меланија Трамп во понеделникот ја објави својата прва официјална иницијатива како прва дама, наречена „Биди најдобар“.

„Ако навистина слушаме што сакаат нашите деца да кажат, без разлика дали станува збор за нивни грижи или идеи, возрасните можат да дадат поддршка и знаења, кои им се потребни за да бидат среќни и продуктивни индивидуи, и кои како возрасни позитивно ќе придонесуваат за општеството и глобалните заедници“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG