Линкови за пристапност

Во САД откриена мрежа за измама со ортопедски помагала


Американските федерални агенти открија мрежа за имама со ортопедски помагала којa ги оштетила даночните обврзници на САД со повеќе од милијарда долари.

Одделот за правда соопшти дека биле покренати обвиненија против 24 лица, меѓу нив лекари, вработени во телемаркетинг команиии и раководители на компании кои обезбедуваат ортопедски помагала.

Мрежата била распространета од САД па се до маркетинг центри на Филипините и Латинска Америка.

Најпрвин телемаркетинг компаниите им се јавувале на пациентите и ќе им понуделе бесплатни ортопедски направи.

Откако телефонските центри ќе потврдат дека пациентите биле покриени со Медикеар, тие ги префрлале до телемедицински компании каде што лекарите, кои никогаш не ги виделе пациентите препишувале ортопедските помагала, иако немало причини.

Компаниите за медицинска опрема ги доставувале помагалата и потоа побарувале од владата поврат на средства.

Измамата беше откриена минатата година, кога голем број корисници на Медикеар почувствувале дека станува збор за измама и го пријавиле случајот.

Случајот го истражувале ФБИ, здравствените и социјалните служби и даночните служби на САД.

XS
SM
MD
LG