Линкови за пристапност

704 случаи на сипаници во САД годинава


Тие се забележани во 22 сојузни држави

Американските центри за контрола и превенција на болести пријавија 704 случаи на сипаници годинава, најголем број од 1994 година.

Само 78 од овие случаи биле пријавени минатата недела. Иако не се регистрирани смртни слуачи, 66 лица биле хоспитализирани.

Слуачи на сипаници се забележани во 22 сојузни држави.

Националниот центар за имунизација и респираторни болести соопшти дека ситуацијата се подгрева со дезинформации и митови, што доведува одредени заедници да не се вакцинираат.

Центарот препорачува да се вакцинира секое лице над еднагодишна возраст, освен оние што ги прележале како деца и станале имуни.

Вакцината, која првпат почна да се користи во 1960-те години, се смета за безбедна и ефективна од повеќето здравствени експерти.

Сипаниците се шират преку воздух кога заразеното лица кашла, а болеста се сметаше за искоренета во САД од 2000 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG