Линкови за пристапност

Сенаторката Мексали јавно кажа дека била силувана додека служела во армијата


Американската сенаторка Марта Мексали од сојузната држава Аризона која е 26 годишен воен ветеран и прва жена пилот која учествувала во борба на сенатско сослушување кажа дека била силувана од претпоставениот офицер во американските воздухопловни сили.

Мексали јавно откри за нападот во Сенатот, каде се одржа сослушување за сексуални напади во армијата и напорите за нивно спречување.

Таа рече дека не го пријавила нападот бидејќи, како и многу други жртви, таа не му верувала на системот:

„Молчев многу години, но подоцна во мојата кариера откако во армијата на виделина излегоа повеќе скандали на кои не беше одговорено соодветно, почувствував потреба да им кажам на некои луѓе дека и јас сум жртва. Бев потресена како беа примени моите искуства. Очајна, по 18 години служба дури размислував да ја напуштам армијата. Како и многу жртви чувствував дека овој систем повторно ме силува“ кажа сенаторката Мексали.

Таа рече дека искуството ја поттикнало нејзината решителност да се залага за жртвите на сексуални напади во армијата.

Мексали вели дека вишите воени функционери не треба да бидат изземени од одговорност, туку да бидат принудени да учествуваат во барањето решение.

Американската армија беше критикувана заради начинот на кој одговорила на извештаите за сексуални напади, вклучувајќи и реакции против луѓето кои пријавиле дека се жртви на напади.

Минатата година, Пентагон соопшти дека во фискалната година 2017-та година имале 6.769 пријави за сексуални напади на припадници на армијата, што е зголемување од 9,7 проценти во однос на 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG