Властите на САД соопштија дека уапсиле 50 лица вмешани во „шема од големи размери за измама преку лажни бракови“ чија цел е да се заобиколат законите за имиграција.
Според обвинението, шемата функционирала надвор од јужната држава Тексас вклучувајќи луѓе од таму и од Виетнам.
Судските поднесоци открија случај во кој оние кои сакале да добијат статус на постојан жител во САД плаќале помеѓу 50.000 и 70.000 долари на организација предводена од Ешли Јен Негуен.
Потоа овие луѓе биле поврзувани со еден државјанин на САД регрутиран од организацијата, на кој му плаќале дел од средствата, а во некои случаи тој продолжувал да регрутира и други граѓани за да учествуваат во шемата.
Со цел нивните апликации за имиграција да изгледаат легитимни, организацијата им помагала на оние кои биле вклучени да креираат свадбени албуми и да обезбедат лажни документи во врска со даноци, сметки за комунални услуги и евиденција за вработување.
Обвинението, кое се однесува на 96 лица, вклучува лажни бракови, поштенска измама, имиграциска измама, давање лажен исказ под заклетва и злоупотреба на сведоци.
„Измамата со лажни бракови е сериозен криминал“, изјави директорот на Американската граѓанска и имиграциска служба на округот Хјустон, Тони Брајсон.
Судските поднесоци открија случај во кој оние кои сакале да добијат статус на постојан жител во САД плаќале помеѓу 50.000 и 70.000 долари на организација предводена од Ешли Јен Негуен.
Обвинението за измама со лажни браковите ги вклучува оние брачни другари кои никогаш не живееле заедно и не го планирале тоа, оние кои се сретнале кратко пред да аплицираат за дозвола за брак, ако воопшто и се сретнале, како и оние кои се венчале со финансиски надомест во рамките на шемата која е разбиена.
Постапката за американски државјанин да побара статус на постојан жител за брачен другар е обемна, при што се бараат повеќе документи како што се потврда за брак, заеднички закуп или сопственост на имот, заеднички финансии и друго.
Се врши и интервју на двојката, со предупредување дека давањето на лажен исказ е предмет на кривично гонење.
Facebook Forum