Линкови за пристапност

Пад на американските берзи и денес


САД и другите држави најавуваат економски пакети за помош на инвеститорите

Цените на акциите на американските берзи паѓаат и денес, поради несигурноста на инвеститорите во владиното справување со коронавирусот.

САД и другите држави најавуваат економски пакети за да се намали загриженоста на инвеститорите, како и да помогнат да се спречи предвидената глобална рецесија.

Американската федерална влада најави дека ќе испраќа и чекови директно до граѓаните, за да им помогне да се справат со финансискиот удар од коронавирусот.

Цените на горивото, пак, достигнаа најниско ниво во изминативе 17 години и повеќе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG