Владата на претседателот Барак Обама соопшти дека нема да ги оспори новите закони во две сојузни држави за легализирање на марихуаната за рекреативни и медицински потреби, се` додека тие не ги попречуваат новите приоритети на федералните власти.
Во најновото соопштение што ја објаснува политиката на владата, Одделот за правда наведува дека очекува сојузните држави Колорадо и Вашингтон сега да усвојат „строги регулативни шеми“ што ќе спречат малолетниците да дојдат до марихуаната, а криминалните банди да остварат профит од неа. Владата наведува и дека новата политика ќе важи за сите сојузни држави.
Колорадо и Вашингтон започнаа да дозволуваат употреба на мали количини на марихуна за рекреативни потреби откако тоа беше изгласано на референдум во 2012-та. Покрај нив, 18 други сојузни држави и градот Вашингтон дозволуваат користење на марихуана за медицински потреби.