Линкови за пристапност

САД ги олабавија мерките за патување во Македонија поради мал ризик за зараза од ковид-19


Центрите за контрола и превенција на болести на САД ја ставија Северна Македонија на ниво 1, или ниво при кое важат стандардни мерки за безбедност при патување.

Центрите укажаа на ниско ниво на ковид-19 во државата, и на понизок ризик за зараза и развивање тешка форма на ковид-19 за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД.

Прес службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедност при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Северна Македонија, во група со Бермуда, Габон и Романија.

Според најновите информации од Министерството за здравство, досега вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани. Вчера вкупно биле вакцинирани 9.335 граѓани, а прва доза примиле 6.413 граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG