Секретарот за одбрана на САД Џим Матис ја обвини Русија за обид да влијае врз претстојниот референдум во Македонија, кој треба да го отвори патот на држвата кон НАТО.
Матис денес е во Скопје, каде се сретна со премиерот Зоран Заев, со кој разговараа за можното членство во Алијансата.
По разговорот со претседателот Ѓорге Иванов, пак, Матис не ја спомена Русија конкретно, но, укажа на нејзиното влијание во коментарите кои ги даде за бенефитите од НАТО членството.
„Ќе се приклучите кон Алијанса во која државите, мали и големи, работат заедно во насока на почитување и споделување заеднички вредности, национален суверенитет, територијален интегритет и ослободување од притисок. Додека некои сакаат да ги потценат овие вредности, ние сме подготвени да и` посакаме добредојде на вашата држава да стане 30-та членка на НАТО, ако го изберете тој пат“, рече Матис.
Претходно, Матис изјави дека нема сомнеж оти Москва финасирала проруски групи со цел да пропадне референдумот.
Покрај Матис, и други лидери на западните земји, вклучувајќи ги Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ја обвинија Русија за обид да го попречи патот на државата кон Алијансата.
Во јули, Грција протера двајца руски дипломати под обвинение дека финасирале групи да протестираат против промената на името.
Ваквиот потег Русија го нарече неоснован.
Facebook Forum