Линкови за пристапност

Рикер во посета на Охрид од први јули, ќе се сретне со Заев и Османи

Заменик-помошникот државен секретар на САД, меѓудругото, ќе разговара за приоритетите на Западен Балкан, изјавија од канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот

Замник-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, ќе го посети Охрид од први до трети јули, соопшти канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот.

Рикер, претходно ќе патува во Италија и Албанија.

„На први јули, амбасадорот Рикер ќе пристигне во Охрид, каде ќе присуствува на конференцијата `Пат до Преспа`( Road to Prespa), за да ја истакне поддршката на САД за продолжен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот. Во Охрид, заменик-помошникот државен секретар Рикер ќе се сретне со премиерот Заев, министерот за надворешни работи Османи, и други високи официјални лица, за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан“, изјавија од канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG