Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, истакнал заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, на неодамнешна дигитална тркалезна маса за евроатлантската интеграција на Балканот, во организација на грчката непрофитна организација „Грик Хаус Давос“ (Greek House Davos).
„Метју Палмер истакна дека САД целат кон мирен, стабилен и просперитен Западен Балкан во ЕУ. САД и ЕУ се партнери во промоција на стабилност и борба против корупцијата во регионот. Метју Палмер го истакна значењето од подобрување на односите меѓу Србија и Косово, и забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ“, соопшти грчката непрофитна организација, нагласувајќи дека Палмер го истакнал и значењето на Грција како регионален играч, но, и во поширокиот регион на Медитеранот.
На тркалезната маса, покрај други регионални лидери и амбасадори, учествувал и министерот за надворешни работи на Црна Гора, кој потенцирал дека нема друга иднина за регионот од европската.
Учесниците разговарале и за потребата од зголемена политичка одговорност по пандемијата, преку заштита на независноста на судските системи и зголемено учество на млади во политиката.
Facebook Forum