Линкови за пристапност

САД и` го честитаат Денот на независноста на Македонија


US Embassy Security
US Embassy Security

"Веќе 26 години работиме заедно за поддршка на аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО", се вели во соопштението на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, по повод 8-ми Септември, Денот на независност на Република Македонија

"Во име на Владата на Соединетите Американски Држави, ми претставува задоволство, на народот на Македонија да му ги пренесам нашите најдобри желби, по повод 26-те години независност.

САД се горди што се пријател и стратешки партнер на Македонија. Веќе 26 години работиме заедно за поддршка на аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Ги поздравуваме активностите што ги презеде новата влада, при што ја покажа својата посветеност спрема демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите, потребни за да го обезбеди своето место во евроатлантското семејство.

Со нетрпение очекуваме на продолжителна соработка и во годините што следат", се вели во честитката на Стејт департментот, по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG