Линкови за пристапност

Стејт департмент: Лидерите на Грција покажаа визија за решение на спорот за името


САД ја поздравуваат историската можност да се унапредат стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, се вели во соопштението

САД ја поздравуваат одлуката на Грчкиот парламент да го ратификува Договорот од Преспа, соопшти Стејт Департментот.

„Лидерите на Грција покажаа визија, храброст и постојаност во нивните напори за решение на спорот за името, што ќе и` дозволи на идната Република Северна Македонија да го земе заслуженото место во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во него се нагласува дека САД ја поздравуваат историската можност да се унапредат стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG