Линкови за пристапност

САД ќе останат цврст партнер на Северна Македонија на патот кон Западот, изјави Помпео, по одлуката на ЕУ за почеток на преговори


Северна Македонија и Албанија мора да останат посветени на реформските агенди, соопшти американскиот државен секретар

САД ќе останат цврст партнер на Северна Македонија и Албанија, како што двете Влади ги преземаат потребните реформи за зацврстување на владеење на правото, унапредување на антикорупциските напори, развој на економиите, и борбата против организираниот криминал, соопшти денес државниот секретар на САД Мајк Помпео, поздравувајќи ја одлуката на Европската Унија за отворање пристапни преговори.

„Очекуваме да го продлабочиме нашето партнерство со Албанија и со Северна Македонија, како што ги почнуваат следните чекори на нивниот пат кон Западот“, изјави Помпео, нагласувајќи дека одлуката уште повеќе ја зацврстува европската иднина на двете држави.

„Исто така, го нагласува значењето на историскиот Договор од Преспа, кој ѝ дозволува на Северна Македонија да ги унапреди нејзините цели кон Европската Унија и Трансатлaнтската заедница“, рече Помпео.

Тој истакна дека двете држави мора да останат посветени на реформските агенди, и оти САД ќе ја продолжат нивната безрезервна поддршка на нивните напори во оваа насока.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG