ВАШИНГТОН —
Почина поранешниот конгресмен Пол Мичел, копретседавач со пријателската група за Македонија во Конгресот, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Имаше 64 години.
Конгресменот Мичел служеше два мандата во Конгресот, како претставник на дестиот конгресен округ во Мичиген, што претставува дом на најголемата македонска заедница во САД. Тој беше гласен во поддршката за самопределување на македонскиот народ.
Мичел се пензионираше во декември минатата година.
Facebook Forum